Две 7-ми места за македонските репрезентативки Сара Радичевска и Симона Заборски, Светска карате лига во Салзбург, Австрија

Од:

На турнирот од Светската 1 Премиер карате лига, А серија одржан во Салзбург, Австрија, македонските карате репрезентативци, членови на кaрате клубот Макпетрол, остварија забележителни резултати. Овој турнир е квалификациски турнир за остварување на олимписка норма за ОИ Токио 2020 година и на него учествуваа 1560 каратисти од 88 држави.

Сениорската репрезентативка и актуелната европска универзитетска шампионка Сара Радичевска настапи во тежинската категорија -50 кг. Во елиминацискиот дел извојува четири победи. Тоа и овозможи нашата репрезентативка да се бори за бронзениот медал. Во првата репасажна борба беше поуспешна од италијанската репрезентативка Мурабито Николе и ја победи со резултат 5-1, додека во шестата борба се сретна со Санчез Естера од Шпанија и загуби со резултат 0-3. Ова беше доволно да оствари висок пласман, 7-мо место во конкуренција на 84 пријавени натпреварувачки од 88 држави од целиот свет. Со овој резултат Сара Радичевска во голема мерка го подобри и своето место на Светската ранг листа за учество на Олимписките игри во Токио 2020 година.

Висок пласман на 7-мото место оствари и стандардната репрезентативка Симона Заборска (-55 кг), во конкуренција на 115 спортистки од 88 држави. Таа покажа апсолутна доминација во првите три кола, кога извојува убедливи победи со преставничките на Англија, Португалија, и Казахстан.

Беше поразено минимално со резултат 0-1, во четвртото коло од хрватската репрезентативка Александра Хасани. Подоцна хрватската репрезентативка влезе во финалето и Симона доби шанса да се бори за бронзениот медал. Во првата борба таа беше подобра од претставничката на Германија, додека во втората борба која беше последна борба за бронзениот медал при резултат 0:0, загуби на судиско изјаснување.

Дополнителни поени и подобрување на својата ранкинг листа оствари и најдобриот млад спортист на Македонија за 2017 година Петар Заборски, тој настапи во сениорска конкуренција и стигна до 4-тото коло во категоријата (-75 кг), во која имаше пријавени рекордни 168 каратисти од 88 држави.

Петар најнапред забележи три победи во квалификационите кола и стигна до четвртфиналето каде што загуби одпретставникот на Белорусија со минимален резултат од 0:1.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје