Вилијам Хејг го осуди „ладнокрвното убиство“ на Британецот во Алжир

Од:

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Вилијам Хејг ја потврди смртта на британскиот државјанин за време на нападот врз наоѓалиште на гас во Алжир, пренесоа француските медиуми.

Хејг подвлече дека секое поврзување на овој напад со кризата во Мали е оправдување за „ладнокрвното убиство“.

-Со тага можам да ја потврдам смртта на еден британски државјанин, но во дадениов момент не можам да кажа, колкав е точниот број на заложници, појасни британскиот шеф на дипломатијата.

Четириесет и еден странски државјанин, меѓу кои седум Американци, вчера беа киднапирани во едно наоѓалиште на гас во источниот дел на Алжир, потврди портпарол на групата киднапери.

Алжирец и Британец бea убиени, а шест лица, меѓу кои тројца странци се повредени во  нападот на исламистите врз наоѓалиште со гас во југоисточен Алжир, изјави алжирскиот министер за внатрешни работи и локална самоуправа Дахо Улд Каблија.

Ранети се двајца Британци, меѓу кои Шкотланѓанец, како и еден Норвежанец и тројца припадници на алжирските сили за безбедност.

Според порпаролот на алжирската група киднапери, киднапирани се „41 државјанин на западните земји, вклучувајќи седум Американци, како и Французи, Британци и Јапонци.

Петмина од заложниците се чуваат во објектот кој бил нападнат, а останатите на тајно место“.

Претставникот на групата истакна дека киднапирањето е извршено како одговор на одлуката на Алжир да го отвори воздушното пространство за француската воена авијација, која ги напаѓа исламистите во северниот дел на Мали.

Според некои медиуми, портпаролот е член на исламистичка група, неодамна формирана од Мохтар Белмохтар, кој е познат како „Едноокиот“ и кој долго време бил еден од шефовите на „Ал Каеда во исламски Магреб“.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство