Дачиќ го бара северно Косово во замена за место на Приштина во ОН

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изрази подготвеност за постигнување компромис со Приштина, кој, како што појасни подразбира „северно Косово во замена за место во Обединетите нации“.

Тој истакна дека е подготвен да ја прифати можноста Косово да стане дел од Обединетите нации, но само под услов Приштина да прифати поделба на територијата, пишува весникот „Блиц“.

Според Дачиќ Косово може да го попречува патот на Србија кон Европската унија, но напомена дека Белград може истото да го стори во однос на амбициите на Приштина да стане членка на ОН.

– Тое може да трае 30 години и таквото однесување не е во ничиј интерес, рече српскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор