ВМРО-ДПМНЕ: Град Скопје избра партиски војници за членови на управни и надзорни одбори

Од:

„Градот Скопје, претседавачот на советот на градот Скопје Љубица Јанцева и градоначалникот Петре Шилегов на шверцершки начин, со сомнеж за неисполнување на законските услови именуваат членови на управни и надзорни одбори. Тие ги кријат нивните биографии поради две причини: прво или тие не ги исполнуваат пропишаните услови за познавање на странски јазик и потребно тригодишно искуство од областа, или второ меѓу назначените лица има партиски војници, членови на партиски тела на СДСМ со што тие вршат отворена партизација на институциите.

Бидејќи се фатени во тесно Градот Скопје и Шилегов не се произнесува на темата, и се обидува преку евтин спин и лажна вест да дефокусира дека кревањето на оваа тема е поради одлуката на советот да се наплаќа по повисоки тарифи на вода од досегашните во однос на компаниите сместени во некогашна железара, спомнувајќи го бизнисменот Минчо Јорданов. Кога сме на таа тема треба да се познати три факти:

1. Одлуката за укинување на повластена тарифа на вода беше поддржана и изгласана и од советниците на ВМРО-ДПМНЕ,
2. г. Минчо Јорданов беше вицепремиер во влада на СДСМ и тој никогаш не може да се каже дека бил функционер на ВМРО-ДПМНЕ,
3. Остана да лебди неодговорено прашањето, за тоа кои лица се именуваа во УО и НО на градската управа? Дали со именување на партиски кадри секако не се остварува предизборното ветување за професионализација на институциите, туку напротив нивно целосно партизирање.

Сето ова фрла сомнеж дека Градот Скопје тоне, а управата врши криминален избор на партиски војници за членови на управни и надзорни одбори“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски