(ВИДЕО) Христовска: Вработените во РЕК Битола се жртви на политички притисоци

Од:

Викторија Христовска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција изјави дека скандалите во РЕК Битола не прекинуваат.

– После склучувањето скапи јавни набавки во четири очи, промените на решенијата и деградирањето на над 300 вработени, стопирањето на еден од најзначајните проекти за Битола и битолчани – проектот за Топлификација на Битола, сега вработените во РЕК Битола се жртви на политички притисоци со цел нивно приклучување кон новоформираниот синдикат под контрола на власта. Новото раководство на АД ЕЛЕМ кое го постави СДСМ најпрво направи се за да ги спречи редовните синдикални избори на Самостојниот Синдикат од Енергетика, Рударство и Индустрија на Р. Македонија. Покрај тоа раководството на СДСМ ги блокираше сите средства на оваа синдикалната организација по основ на членарина и задршки од вработените за роба како и другите приходи кон синдикатот, рече Христовска.

Таа додаде дека за да биде скандалот поголем, одземени се и работните простории на овој репрезентативен синдикат на АД ЕЛЕМ.

– Сето ова се прави со цел работниците да се приклучат кон новата синдикална организација која треба да биде марионета на СДСМ. Но, бидејќи новоформираниот синдикат се уште нема членство, од страна на претпоставените на компанијата се делат пристапници на вработените со закани дека ако истите не бидат потпишани ќе сносат последици. И додека се врши притисок врз вработените, претпријатието стагнира. Според информации кои ги добивме од терен, сите големи проекти стагнираат или се запрени од страна на новото раководство. Количеството на јаглен на депонијата е минимално, односно 30.000 тони, што доколку работат трите блока истовремено не е доволно ниту за три дена, рече Христовска.

Според неа ова се прави во време на власта која додека беше во опозиција ветуваше слобода и живот, а сега врши притисоци, се заканува и заплашува.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Груби правеше милионски криминал, а СДС молчеа за ден повеќе на власт

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се обидува да го штити Груби

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола

ВМРО-ДПМНЕ: Годинава ќе има повторно зголемување на минималната како и на сите останата плати

Ќе се бара нова фирма за ископ на јаглен и јаловина за РЕК „Битола“