СДСМ: Поради Мицкоски Македонија доби единица од Енергетската заедница

Од:

„Христијан Мицкоски, човекот поради кој Македонија доби единица од Енергетската заедница, воопшто нема кредибилитет да зборува за состојбата во енергетиката.

Поради Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ и нивното штитење на одредени бизнис интереси и неспроведувањето на енергетските реформи, Република Македонија доби две тужби. Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ нанесоа огромни штети врз енергетскиот сектор и затоа шират лажни вести.

Лажни и неосновани се обвинувањата на Мицковски. И покрај лошата ситуација што тој ја остави по заминувањето од челната позиција во ЕЛЕМ, новото раководство на АД ЕЛЕМ успеа да го надмине планот за производство на електрична енергија, подготвен од Управен Одбор на АД ЕЛЕМ под раководство на Мицковски

Неспособноста на Мицковски зад себе остави тешки последици во енергетиката како што беа празните депонии за јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј, испразнетите акумулации во хидреолектраните, промашената модернизација на двата котли во РЕК Битола, незапочнатите ремонти на теремоенергетските капацитети. И покрај таквата наследена кастастрофална состојба, новото раковдство на ЕЛЕМ преку одговорно и домаќинско работење успеа 2017 година да ја заврши со 5 отсто повеќе произведена електрична енергија од планот што Мицковски го направил на почетокот на 2017 година.

Залудни се обидите на Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ да шират лажни вести во обид да ја прикријат штетата од нивното работење. Владата предводена од СДСМ ги санира штетните последици од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и преку низа на реформи гради ефикасен, модерен и квалитетен енергетски сектор“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата