ВМРО-ДПМНЕ: По доаѓањето на СДСМ на власт, Македонија стана лидер во корупцијата во Европа

Од:

„Единствено нешто кое граѓаните го гледаат во изминативе 9 месеци е неспособноста и расипништвото на Владата на СДСМ. Граѓаните гледаат дека Македонија по доаѓањето на СДСМ на власт стана лидер во корупцијата во Европа според индексот на Транспаренси Интернешнл.

Граѓаните гледаат дека економијата тоне, бруто домашниот производ бележи пад, а сиромаштијата во континуитет расте. Јавноста е сведок и на неспособноста на Оливер Спасовски и намаленото ниво на безбедност на граѓаните. Убиствата, насилството и криминалот за жал станаа секојдневие благодарение на предизборната коалиција на СДСМ со криминалните структури.

Здравството е во слободен пад, а социјалната заштита и грижа на оние на кои им најпотребна не постои. Никој повеќе не верува дека оваа неспособна и расипничка власт може да го подобри неговиот живот. Животот единствено дојде за Зоран Заев и неговите функционери“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито