Откриена е мрежа на хакери кои речиси пет години крадела важни информации од владини, дипломатски и истаржувачки институции, објви “ЦБСњуз“.
Хакерската мрежа, која оперирала под името “Црвениот октомври“, влегувала во дипломатски и владини компјутерски мрежи во вкупно 69 земји, вклучувајќи ги Америка, Австралија, Иран, Израел, Русија, Јапонија, Обединетите Емирати, како и во 16 од 27 членки на Европската унија.
Хакерската група е откриена од страна на руската фирма за компјутерска безбедност “Касперски Лаб“.
Хакерите упаѓале во компјутерските мрежи за да соберат класифицирани инфорамции и истите да ги препродаваат.