Суперспортската изведба на BMW M GmbH е ѕвездата на баварците на саемот во Детроит, моделот беше откриен уште пред неколку месеци, но тоа е негова прва официјална појава пред публика.
Опремен е со 4.4 литарски би-турбо V8 мотор познат од М5, M6 Coupe и M6 Convertible. Тој испорачува 560 КЅ и 680 Nm. Трансмисијата е автоматска со 7 степени (M Double Clutch) и ги задвижува задните тркала преку активен М диференцијал.
Спортски, но и многу луксузното купе со четири врати е способно да забрза до стотка за 4.2 секунди. Максималната брзина на движење е електронски ограничена на 250 km/h, но при нарачка на опцијата M Driver’s Package, која вклучува и обука на возачот за спортско возење, таа достигнува и до 305 km/h.