Техничкиот проблем со доменот zdravstvo.gov.mk надминат кај најголем дел од провајдерите

Од:

Техничкиот проблем кој изутрината го имаше со доменот zdravstvo.gov.mk, со кој, меѓу другото, беа засегнати сегменти од системот МојТермин, што го користат матичните лекари, аптеките и дел од јавните здравствени установи, е веќе надминат кај најголем дел од провајдерите, соопшти Управата за електронско здравство.

Оттаму посочуваат дека дел од матичните лекари и аптеките може да издаваат упати, а интензивно се работи за надминување на проблемот и во останатите јавни здравствени установи.

Во меѓувреме, здравствените установи ги примаат сите закажани пациенти и им се обезбедува потребната здравствена заштита, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар

А1он

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска