(ВИДЕО) Спировски: На Хаџибулиќ полицијата му се заканувала дека „ќе го реши“

Од:

„На Харун Хаџибулиќ му се закануваа дека кога тогаш ќе го решеле, а најмногу зашто се експонирал во редовите на СДСМ. За да бидат поефикасни би го уапсиле и би му накалемиле и измислиле некое дело, па човекот имал тешки проблеми и мораше да го напушти судот“
Вака адвокатот Ефто Спироски за А1 го објаснува бегството на Хаџибулиќ од судот, како и се што му претходеше на истото. Според него, во судот на закажаните рочишта имало алфи кои го следеле Хаџибулиќ, и тој се сомневал дека ќе му наместат повторно некое дело.

„Отидовме на другата страна, и тие по нас. Одлучно реагирав, кога се вратив пред судницата ги прашав зошто ме пратите, и ми рекоа „си ја вршиме нашата работа.
-Јас сум адвокат, вие кој сте?
-Ние сме од МВР, рекоа и немаме што да ви се легитимираме“, објаснува адвокатот Спироски.

„Зошто сакате да го земете Харун, имаше налог, потерница? Ако сакаш да се жалиш јави и се на министерката Јанкуовска“, го пренесува одговорот Спировски на двајцата припадници на полицијата.
Тој се обратил до судската полиција дали му гарантираат слобода на движење во судот и дали се над нив, но не добил никаков одговор.

„Тие замолчеа. И тие не смеат да гукнат од овие“, објаснува адвокатот на Хаџибулиќ за А1.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални