(ВИДЕО) Црвенковски: Излезот е само во предвремени парламентарни избори

Од:

„Враќање во парлементот нема, единствен излез од оваа криза се предвремени парламентарни, фер избори“, порача вечерва лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

„Овие денови се случуваат настани кои ќе ја одредуваат судбината на Македонија, влогот е голем и од битката нема повлекување“, рече Црвенковски.

На Зоран Заев, рече тој, власта не треба да му се обраќа зашто од него можат само да учат и вода да му носат. Со народни пари, рече Црвенковски го лажат сопствениот народ.

„Седум години овој народ молчеше и трпеше, со притисоци и лаги живеееше, гледаше како народните пари ги трошат за хирови и лечење на фрустрациите. Донесоа буџет на криминален начин, тепаа луѓе пратенци кои се глас на народот. Хероите од власта тепаа жени и избркаа новинари, а сега не викаат да се вратиме назад. За што? За да го продолжат тепањето?“, праша Црвенковски и ги повика струмичани да бидат во првите редови не само за Струмица, туку за да победи Македонија.

Би можело да ве интересира

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски