Претставници од турскиот Генералштаб во посета на Македонија

Од:

Група од десет генерали на високи позиции во Генералштабот на Република Турција и десетина штабни офицери на различни должности од денеска престојува во дводневна посета на Македонија.

Тие се сретнаа со министерот за одбрана на Фатмир Бесими и со заменик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини при што разговараа за реформските процеси во АРМ и учеството и придонесот на Македонија кон глобалните мировни мисии, демократијата, мирот и еднаквоста во светски рамки.

– Посетата која традиционално секоја година се реализира како заедничка активност на Амбасадата на Република Турција во Република Македонија и Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, придонесува кон зајакнување на пријателските релации и одличната одбранбена соработка помеѓу двете земји и дополнително ги зајакнува традиционално добрите релации и врски помеѓу нашите земји и народи, с евели во соопштението.
Како дел од културната програма на посетата, гостите од Република Турција ќе го посетат Музејот во Битола и Спомен собата на Кемал Ататурк, како и турската заедница во градот Ресен и градот Охрид.

По Македонија, претставниците од Турските вооружени сили ќе ги посетат и Албанија и Косово.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он