Биеналната кумановска изложба „Скици 2017“ отворена во Велес

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена биенална изложба насловена „Скици 2017“, во организација на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово и Народниот музеј од Велес.

Претставени се 15 дела – цртежи со молив, туш, акрил, јаглен, акварел, од исто толку автори и, како што рече Анита Василкова-Мидоска, в.д директор на Велешкиот музеј, овозможува широк дијапазон на различни приоди кон овој сегмент на ликовиот израз.

– Токму оваа различност и дава динамика, разиграност и варијабилност на целокупната концепција на изложбата. Несомнено, во својата креација на цртежот уметникот не е ништо поразличен од писателот, поетот или научникот затоа што тој пред себе ја има хартијата на која треба да ја почне креативната патека чија крајна цел е уметничко дело, рече Василкова-Мидоска.

Роберт Цветковски, историчар на уметноста и директор на Цетарот за култура од Куманово, појасни дека идејата за оваа изложба пред ликовната публиката во земјава е да се претстави цртежот кој долго време бил подзборавен.

Освен академски сликари, на оваа изложба вклучиле и скулптори и графичари со колекција од 24 дела, кои во Велес се претставуваат со 15 со теми по нивни избор.

– Се работи за автори кои се етаблирани на македонската ликовна сцена. Цртежот секогаш се сметал за прв чекор во реализација на било каков инвентивен артефакт, а кога се работи за ликовната уметност, се чини задолжителна дисциплина во којашто уметникот мора да ги трасира своите идни чекори.Иако почетната идеја беше презентација на скромни цртачки реализации во кои линијата ќе биде единствено изразно средство, што е и дефиниција на цртежот, со тек на времето пристапот еволуираше, па денеска имаме дела во коишто рамноправно учество има цртежот, бојата и материјалот, додаде Цветковски.

Покрај во Куманово и Велес, оваа изложба гостуваше и во Кавадарци, а ќе биде претставена и во други градови во земјава.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски