НВО Инфоцентарот бара одговорност за нарачателите и спроведувачите на неоснованите истраги против граѓанските организации

Од:

НВО Инфоцентарот, како една од дваесетте граѓанските организации кои беа директна мета на „ловот на вештерки“ односно на минатогодишните инспекции и истраги од страна на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција и Управата за јавни приходи, изразува задоволство од официјалната информација дека истрагите се неосновани и дека тие се завршени бидејќи не се откриени никакви кривични дела.

Ваквиот епилог, недвосмислено укажува на фактот дека државните институции беа злоупотребени од режимот на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски, за политичка репресија врз граѓанските организации и активистите. Процесот на „десоросоизација“ инициран од ВМРО-ДПМНЕ имаше една и единствена цел, да ги заплаши, замолчи и казни борците за слобода и демократија во Република Македонија.
Сепак, сметаме дека затворањето на истрагите не е доволно. Бараме надлежните институции да покренат кривични постапки спрема сите лица кои се ставија во функција на режимот на ВМРО-ДПМНЕ во процесот против критичкото граѓанско општество. Од нарачателите, до сите лица кои ја злоупотребиле својата позиција и службена должност.

Оние кои направиле злоупотреба мора да одговараат, зашто само на таков начин правдата може да биде задоволена, но и да се спречат и обесхрабрат сите идни обиди од која било власт, за заплашување и политички прогон на граѓаните“ се вели во соопштението на НВО Инфоцентарот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот и водоснабдувањето – најчести граѓански приоритети на локално ниво

Катерина Ѓуровски

Свесноста – најважна алка во заштита на приватноста и на личните податоци

Катерина Ѓуровски

Нема успешни локални политики без вклучување и учество на граѓаните

Катерина Ѓуровски

НВО Инфо: Локалните власти да ја зајакнат транспарентноста при трошење на државните пари

Ана Ололовска

НВО Инфоцентар: Случајот Мавровка – потврда за потребата од итни реформи и создавање ефикасен, некорумпиран општински инспекциски надзор

Ана Ололовска

Граѓаните не знаат каде и како можат да му се обратат на Народниот правобранител