Ременски: За амандманите за Законот за јазици согласно Уставот и деловникот

Од:

Сите дебати за тоа како да се постапи по над 30.000 амандмани за Законот за јазиците треба да се одвиваат во рамки на уставните надлежности на Собранието, од една страна, и да се почитуваат надлежностите на самото Собрание преку обврските што ги има согласно деловникот и Уставот, изјави денеска потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски.

– Тоа знали дека Законот за јазиците е донесен во Собранието на Република Македонија, сите спорни одредби што предизвикаа јавна дебата и можност за укажување од страна на други органи ќе бидат предмет на разгледување на Венецијанската комисија, но повторно ќе истакнам сите натамошни постапки треба да се одиваат во согласност со Уставот и деловникот. Од друга страна да не се создаде и блокада на Собранието и да се испочитува демократската процедура и правото на пратениците да предлагаат амандмани, истакна Ташевска Ременски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Собранието.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски