„Одржлив урбан развој во Југоисточна Европа“ – темата на симпозиумот на градоначалници, во Виена

Од:

„Одржлив урбан развој во Југоисточна Европа“ беше темата на дводневниот симпозиум на градоначалници, што се одржа во Виена (Австрија) на 26 и на 27 февруари, 2018 година, во организација на Програмата за урбано партнерство, на Канцеларијата на Светска банка (Австрија) (UPP III), на Федералното министерството за финансии на Австрија и на градот Виена.

На овој настан, на кој присуствуваа околу 150 функционери од локално и од централно ниво од земјите од Југоисточна Европа, учество зедоа и градоначалниците на општините: Велес, Гостивар, Желино, Илинден, Кочани, Крива Паланка, Струмица, односно Аце Коцевски, Арбен Таравари, Бљерим Сејди, Жика Стојановски, Николчо Илијев, Борјанчо Мицевски и Коста Јаневски, потоа претставници од општинската администрација, извршната директорка на ЗЕЛС и претставници од граѓански организации од земјава.

На симпозиумот беше означен почетокот на третата фаза од „Програмата за урбано партнерство“, при што беа презентирани планираните или реализираните реформи и иновации во градовите во областа на урбанистичко планирање и управување со земјиштето, со посебен осврт на ‘паметните градови’, финансиските импликации и учеството на граѓаните во овој процес и јакнењето на процесите на децентрализација во земјите од ЈИЕ. Беа претставени научените лекции и искуства од проектите, што ќе помогнат во натамошното подобрување на оваа програма.

Во таа насока, добрите практики во управувањето во урбанизмот ги презентираше градот домаќин – Виена, но и другите градови и општини, меѓу кои и претставниците од нашата земја. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, своите искуства и ставови ги претстави на панел дискусијата „Лидерство во градовите: кон поголема општествена одговорност и подобра испорака на услугите“, а излагање имаше и на панел дискусијата „Финансирање и поддршка на процесот на децентрализација во земјите на Југоисточна Европа“.

Излагање на дискусијата за финансирање и поддршка на децентрализацијата имаше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

На овој симпозиум, градоначалниците, претставниците од здруженијата на локалните власти и од здруженијата на граѓани имаа можност да разменат искуства и идеи и да иницираат соработка и во други области од локалното живеење.

Би можело да ве интересира

Во Македонија има двојно помалку пожарникари од законски пропишаното, нема ниту тренинг центар

Ѓорѓиевски на ГС на ЗЕЛС: Постигнавме видлив напредок, ја зајакнавме улогата на општините

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за градоначалници во 25 општини, за Град Скопје се бара најдобриот кандидат

Горан Наумовски

Герасимовски и Христовски сигурни кандидати за нов мандат

Остануваат во куќен притвор двајцата екс градоначалници на Кочани, Апелација ги отфрли жалбите

А1он

Ѓорѓиевски: Безбедни се сите училишта, градинки, јавни установи, културни домови и спортски сали во државава