На Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Р. Державин“ во Битола вечер ќе биде отворена изложбата „Русите во Македонија (1920-1940)“, која го претставува животот на руските имигранти во Македонија и дејноста на руските научници, професори, архитекти, ликовни уметници, лекари, артисти…
Во нејзината изработка учествуваа Институтот за националната историја на Македонија и Државниот архив на Република Македонија.
Организирана е од Амбасадата на Руската Федерација и ќе ја отвори амбасадорот Олег Шчербак, а ќе може да се посети до 13 март.