Се конституираше Совет на стопанственици од Општина Кисела Вода

Од:

Денес, во присуство на голем број на деловни субјекти чија дејност е регистрирана во Oпштина Кисела Вода, на градоначалникот Филип Темелковски и на претставници од централната власт, се одржа конститутивната седница на Советот на стопанственици од оваа Oпштина. На неодамнешната првична средба со бизнис заедницата градоначалникот на Општина Кисела Вода, Темелковски, го иницираше формирањето на ова тело, чија задача ќе биде да ги идентификува проблемите и потешкотиите на деловните субјекти од овој дел на градот во насока на подобрување на бизнис климата и отворање нови работни места. Во своето воведно излагање, Темелковски ги потенцираше придобивките кои треба да произлезат од Советот на стопанственици. Тој истакна дека запознавањето со проблемите е првиот чекор кон изнаоѓањето на решение, а најважната карика е имплементирањето на тие решенија за подобро функционирање на бизнис заедницата. Потсети дека Советот ќе овозможи и работа на заеднички проекти, но и подигнување на општествената одговорност на компаниите, од што, секако, најголема корист ќе имаат жителите на Општината.

Дејан Николовски, советникот за инвестиции на Претседателот на Владата на Република Македонија, смета дека е од големо значење одлуката на градоначалникот Темелковски за формирање на Советот на стопанственици од Општина Кисела Вода, бидејќи истиот ќе може на компаниите да им помогне на повеќе нивоа, посебно во полето на инвестирањето. Издвои дека Владата наскоро ќе излезе со пакет мерки, па преку овој Совет деловните субјекти ќе можат да имаат увид и полесно да ги планираат своите бизниси.

Александар Андовски, советник за анализа од кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, ја поздрави иницијативата за функцинирање на Советот на стопанственици и потенцираше дека истиот треба да биде еден филтер меѓу владата и компаниите. Истакна дека за економскиот раст е неопходно дефинирање на потребите и проблемите, како Владата полесно би можела да изготви законски решенија кои ќе ја подобрат бизнис климата.

На конститутивната седница, беа избрани и членови на Управниот одбор, а за Претседател на Советот на стопанственици од Општина Кисела Вода беше избран Борис Хрисафов, генерален директор на Цементарница АД Скопје. Беше формирана и работна група за подготовка на Деловник и Статут за работа на Советот, по што уследи и дискусија за предизивиците со кои се соочуваат сопствениците и предлозите за нивно надминување.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода