Во општина Бутел денеска беше формиран Локален совет за превенција, кој ќе брои 18 членови, а ќе биде предводен од градоначалникот на општината Велимир Смилевски и од командирот на полициската станица во Бутел.
Целта на Локалниот совет за превенција е да се подобри јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот во општината, како и да се изгради доверба и партнерски однос помеѓу повеќе чинители во општината и општеството.
На седницата на советот на општината била донесена одлука за распишување јавен повик за членови на Советот на млади на општина Бутел.
Со одлука на Советот двете спортски сали во Радишани и во Живко Брајковски се ставаат во надлежност на Општина Бутел.