Се спроведува голема постапка за набавка на лекови за ретки болести врз основа на работата на Комисијата за ретки болести која е советодавно тело и во која членуваат доктори од клиниките каде се лекуваат овие пациенти. Таа постапка деновиве ќе биде објавена.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека лекот за ретката болест мукополисахаридоза првпат се обезбедува и дека веќе влегол во планот за набавка за годинава.
– Таа дијагноза првпат се најде во регистерот за ретки болести, додаде Филипче, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на која потпиша договори со 15 граѓански организации кои ќе добијат средства за активности за превенција од ХИВ.