Кабелската компанија од САД Комкаст понуди 31 милијарда долари за британската телевизиска и интернет компанија Скај.
Со ова, Комкаст влегува во конфликт со австралискиот милијардер Руперт Мардок, кој поседува околу 40 проценти од Скај и неколку години се обидува да го откупи остатокот од компанијата, но ова барање се соочи со отпор на британските медиумски регулаторни тела. Зделката која ја промовира Мурдок е поврзана со неговиот обид да продаде значителни делови е неговата империја Фокс на компанијата Дизни.
Скај има над 28 милиони претплатници во Британија, Ирска, Германија, Австрија и Италија.