Во Штип се обележуваат паркинг местата во центарланото градско подрачје

Од:

Во централното градско подрачје во Штип се пребројуваат паркинг местата во централното градско подрачје со цел да се среди сообраќајниот хаос. Директорот на ЈП „Стипион 2011“, Тони Јовев вели дека веќе се обележани 120 паркинг места на улицата „Ванчо Прќе“ на потегот од стоковната куќа „Нама“ до местото викано „Огледало“.

– Наплатата на паркинг местата нема да ја реализираме во текот на годинава, но заради пребројување и наша анализа апелираме жителите на улицата „Ванчо Прќе“ да се пријават кај нас, заради евиденција, колку можеме да им издадеме месечни паркинг места, рече Јовев.

Тој истакна дека во текот на наредниот период ќе се обележат и останатите паркинг места во центарот, а по изградбата на платформите над река Отиња и ќе стартува наплатата на паркинг местата во Штип.

Би можело да ве интересира

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип