За една-третина намален бројот на инциденти во Виница во текот на минатата година

Од:

За 31 отсто е намален бројот на регистрирани прекршувања на јавниот ред и мир во општина Виница во 2017 во однос на претходните години. Од 62 прекршоци, дури 23 биле со физички напад, а 17 завршиле со тепачка.

– Најголем дел од евидентираните сторители се над 25-годишна возраст, а невообичаено е што лани имавме дури 10 прекршоци на Законот за оружје, истакна командирот на Полициската станица – Виница, Љупчо Петров.

Во текот на 2017 година имало и најмногу протести, дури 25, од кои најголем дел биле организирани од граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“.

Бројот на регистрирани сообраќајни несреќи на подрачјето на општината е намален за 11 отсто, но има пораст на бројот на жртви, а 22 сообраќајки завршиле со потешки телесни повреди. Од сообраќај биле исклучени 305 возила и 278 возачи, а заради управување на моторно возило под дејство на алкохол биле одземени само 6 возачки дозволи.

До Основниот суд во Виница лани се поднесени 271 барање за поведување прекршочна постапка, како и 15 кривични пријави поради загрозување на безбедноста на јавниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски