Судскиот совет ја одложи утрешната седница

Од:

Судскиот совет на Република Македонија утре нема да ја одржи планираната седница поради службено отсуство на претседателот на Советот и на дел од членовите.

Датумот на одржување на седницата, како што е објавено на веб страницата на Судскиот совет, дополнително ќе биде соопштен.

На дневен ред на оваа седница се повеќе точки, меѓу кои изборот на претседател на Апелацискиот суд Скопје и претседател на Основниот суд Дебар, откако претходно Советот ќе ги усвои конечните ранг-листи на кандидатите за претседател на судовите.

Би можело да ве интересира

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет

Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет по предлог на Сиљановска-Давкова

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба