Кривична пријава за поранешен директор на средно училиште за злоупотреба на службена положба

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Г.М. (58) од Македонски Брод, поранешен директор на средното општинско училиште „Св.Наум Охридски“ во Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Г.М., додека бил директор на училиштето, потпишал договор за вработување на определено време на професор по ликовна уметност, како замена за неговото работно место. Договорот бил направен за периодот од ноември 2015 до август 2016 година иако знаел дека неговиот мандат истекува во април 2016 година и дека за наведениот период ќе се исплаќаат двајца професори за истото работно место. Исто така, без да распише оглас за вработување и потпише договор, ангажирал лице како воспитувач во интернатски дом во рамките на училиштето за 20 наставни часа, иако тоа место било пополнето.

Покрај тоа, за користење на спортската сала од физички и правни лица, во рамките на истото училиште пријавениот од одговорно лице на правен субјект од Македонски Брод зел готовина од 8.000 денари кои ги присвоил и не ги уплатил на сметката на училиштето. Со ваквите дејствија пријавениот го оштетил буџетот на училиштето за вкупен износ од 354.972 денари.

Би можело да ве интересира

МВР со детали за убиството во Македонски Брод: При чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум

Убиство во Македонски Брод: Убиен е 31-годишен професионален војник во АРМ

Ќерка со нож си ја ранила 76 – годишната мајка

СДСМ и коалицијата го презеде мнозинството во Советот на Македонски Брод

Само 11 матуранти, а 22 професори во гимназија во Македонски Брод – Во еден клас ќе матурираат тројца

A1on

Домот на културата во Македонски Брод реализира пет проекти со финансиска подршка од Министерството за култура

А1он