Генералниот директор на Македонски пошти Рафиз Алити на денешната прес-конференција изјави дека имотот имотот на Македонски пошти не бил осигуран, а штетите од пожарот кој избувна вчера ќе ги надомести осигурителна куќа која допрва ќе биде избрана.
Главниот сервер не е оштетен и денеска би требало да биде поврзан во мрежата, со што би требало да продолжи примањето уплати од граѓаните.
Засега е потврдено дека е изгорена кровната конструкција и дел од шалтерите во главната сала, како и неколку канцеларии од вториот кат. Во шалтер салата беа и менувачницата и благајните за уплата и исплата, а како што му кажале вработените на Алити, дневниот промет во денари и девизи неколку секунди пред да избегаат, го ставиле во металниот сеф.