Мишева: Инцидентите што ги предизвика СДСМ се навреда за Скопјани

Од:

„Навредливо е за граѓаните на Скопје, пратеници на СДСМ кои беа вчера присутни на седницата, дојдени од Штип, од Гевгелија, од Ресен, од Битола да си го земаат правото во име на Скопјани да одлучуваат за тоа што е добро, а што не. Мора да се зачува дигнитетот на Советот на град Скопје, потребна е здрава дебата, а не промовирање и наметнување насилство”- рече Ирена Мишева, претседавач на Град Скопје.

„Го осудувам и вандалскиот чин на кршење и оштетување имот кој им припаѓа на сите граѓани на Скопје. Тоа е недозволиво однесување и претставува најгруба злоупотреба на една институција и класично непочитување на имотот кој им припаѓа на граѓаните на Скопје“ , рече Мишева.

Мишева потенцираше дека целата постапка околу промена на имињата на улици во Скопје е транспарентна и е водена на демократски начин. Појасни дека Советот на град Скопје веќе повеќе месеци се занимава со оваа проблематика, како и тоа дека оваа точка трипати беше на дневен ред.

„Транспарентноста беше присутна во сите фази, а беа вклучени многу луѓе и експерти и јавноста беше запознаена од самиот почеток на целата постапка“, истакна Мишева, притоа негирајќи ги тврдењата што се пласираа, како што рече, со цел да се злоупотребат емоциите на граѓаните, а тоа е дека улицата „Стив Наумов“ се брише.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите