Исчистени од снег паркиралиштата на ЈП ПОЦ

Од:

Зимските служби на Општина Центар и ЈП ПОЦ од вчера започнаа со чистење на снегот од паркиралиштата кои се во надлежност на претпријатието со цел корисниците да можат без потешкотии да ги завршуваат своите обврски во центарот на градот и безбедно да ги паркираат автомобилите пред своите домови или работни места.

Досега се исчистени сите отворени паркиралишта на ЈП Паркинзи на Општина Центар, катната гаража и пристапните рампи на монтажните гаражи.

Поради постојаните врнежи од снег, во наредните денови, надлежните служби на Општина Центар и ЈП ПОЦ ќе бидат на терен и доколку на одредени паркиралишта има потреба од дополнителна интервенција жителите на општина Центар можат да пријават на следните телефонски броеви: 076 496 944, 076 313 387 и 076 313 381.

ЈП Паркинзи на Општина Центар апелира до граѓаните да ги отстранат непрописно паркираните возила во потесните улици, за да може непречено да се чисти.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила