(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со европратениците: Заложбите за евроинтеграција на владата се само декларативни

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на Извршниот Комитет, Драган Данев оствари средба со европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекејштајн.

На средбата се разговараше за актуелните состојби, за застојот со европските интеграции и предизвиците на државата на општествен и политички план.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека има целосен застој во поглед на европските интеграции и исклучително низок степен на реализација на владиниот план 3-6-9 што се должи на недоволната посветеност и манифестирањето на неспособност на владата да менаџира со процесите.

– Заложбите за интеграција на владата се само декларативни, но не и суштински и остануваат мртво слово на хартија, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека СДСМ ја има одговорноста 9 месеци да управува со државата а нема ниту еден крупен чекор или реформа која е не доближи до целта за отпочнување на преговори со Европската Унија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги запозна своите соговорници со случаите на политички терор спроведуван од власта, посочувајќи дека тоа го отежнува севкупниот абиент на функционирање на државата и го прави невозможен активниот политички дијалог.

Мицкоски зборуваше и за катастрофалната економска состојба и неуспешните економски политики кои негативно се одразуваат врз стандардот на граѓаните.

Во однос на спорот за името ВМРО-ДПМНЕ на средбата ги повтори позициите на партијата кои се јавни и претходно познати.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски изрази благодарност за ангажманот на тројцата пратеници и нивните заложби за откочување на процесот на евроинтеграциите што преставува стратешка заложба на партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Ова нема така да заврши, лично ќе го следам овој случај

(ВИДЕО) Мицкоски: Законот за „Скопје-Европска престолнина на културата 2028“ ќе биде ставен на јавна расправа

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

Поради Мицкоски, Македонија ги загуби европските пари од ИПА за пругата, тврдат од СДСМ

Мицкоски: Додека Филипче беше министер имало предупредувања за загадена вода, но институциите молчеле

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?