Макпетрол прворангиран на државното првенство во карате

Од:

Викендов во Штип се одржа државното карате првенство за сениори-ки, во поединечна и во екипна конкуренција во дисциплините борби (кумите) и кати. На првенството учествуваа 27 клубови од целата држава.

Во генерален пласман прворангиран е карате клубот Макпетрол – Скопје. „Нафташите“ успеаја да освојат вкупно 9 медали од кои 4 златни 3 сребрени и 2 бронзени одличја, на втората позиција е К.К Штип – Штип и трето рангиран е Металург – Скопје.

Во поединечна конкуренција борби за Макпетрол медали освоија следниве натпреварувачи-ки :
1.Сара Радичевска -50 кг, златен медал
2. Симона Заборска -55 кг, златен медал
3. Анѓела Мојсовска -68 кг, златен медал
4. Екипно борби за жени во состав на тимот беа (Симона Заборска, Наташа и Моника Стефановски, Сара Радичевска и Анѓела Мојсовска), златен медал
5. Наташа Стефановска -61 кг, сребрен медал
6.Моника Пендаровска -55 кг, сребрен медал
7.Ева Блажевска + 68кг, сребрен медал
8. Петар Заборски -75 кг, бронзен медал
9. Моника Стефановска -68 кг, бронзен медал

Бошко Заборски тренер на Макпетрол изјави: Многу сме среќни и задоволни што и оваа година во генерален пласман сме најдобри во државата. Успеавме да имаме апсолутна доминација во екипна и во поединечна конкуренција во дисциплината борби за жени. Нашите репрезентативки Симона Заборска и Сара Радичевска беа самоуверени и не дозволија никакво изненадување, додека пак младата Анѓела Мојсовска, покажа дека во следниот период треба сериозно да сметаме на неа. Во екипниот дел исто така настапивме самоуверено и го совладавме нашиот конкурент тимот на Скопски Металург во финалниот натпревар со резултат 2-0.

„Ние реално можевме да ја освоиме и тежинската категоријата -61 кг, што ќе беше и петтиот златен медал за нас. Во оваа категорија нашата искусна и прекалена спортистка Наташа Стефановска, иако доминираше и резултатски водеше во текот на целиот натпревар со 3-1, на крајот го загуби златниот медал, поради успешниот резултатски пресврт кој настана со добро изведен ножен удар во пределот на главата, што и донесе три поени на нејзината противничка“заврши Д-р. Бошко Заборски, тренер на Карате клубот „Макпетрол“ и селектор на Македонската универзитетска карате репрезентација.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје