Џафери: За вистински успех во реформите потребно е вклучување и на опозицијата

Од:

Актуелното парламентарно мнозинство и оваа владина коалиција, цврсто се решени да ги надминат оние отворени прашања кои нè блокираат на нашиот европски пат, а со тоа дефинитивно да добиеме датум за отпочнување на преговорите со ЕУ, порача претседателот на Собранието, Талат Џафери на воведното обраќање на 13-тата Конференција на Парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од ЈИЕ – Косап.

– Договорот за пријателство со Бугарија, кој неодамна беше ратификуван и во двата Парламента, како и започнатиот дијалог помеѓу Скопје и Атина на високо ниво, јасно ја потврдува нашата определеност преку дијалог и заемно почитување да изнаоѓаме решенија и за најчувствителните прашања. За нас, исто толку е важен и натамошниот развој на целокупните односи со сите држави од регионот со што придонесуваме кон стабилноста на Западен Балкан и неговата европска иднина, изјави Џафери.

Тој потенцира дека освен на власта, одговорноста е и на опозицијата.

– За да имаме вистинска динамика и успех во остварувањето на реформскиот процес познат како план 3-6-9, не е доволно само ангажман на парламентарното мнозинство и Владата, туку целосно вклучување и на опозицијата. Точно дека мнозинството ја носи најголемата одговорност, точно е дека мнозинството мора да создаде услови за опозицијата да може слободно и демократски да ги артикулира своите интереси, но притоа и опозицијата мора да преземе дел од одговорноста за целокупната состојба, како во државата, така и во остварувањето на европската иднина. Мислам дека кај нас, а и во целиот регион, кога сме во опозиција како да забораваме на сопствената одговорност. Верувам дека и оваа „детска болест“ брзо ќе ја надминеме, додаде Џафери.

Организатор на настанот е собраниската Комисија за европски прашања, а претседателот на комисијата Артан Груби, како претседавач на конференцијата ја повика Европската унија да не ја остава Република Македонија и Западен Балкан уште во чекалната, каде, како што наведе, дуваат источни ветрови.

Груби додаде дека конференцијата се прави во периодот помеѓу објавувањето на Стратегијата за Западен Балкан на ЕК, по посетата на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер на Македонија за да се напарви еден вид притисок за Македонија да добие позитивен извештај за напредокот и чиста препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.

На конференцијата се обратија и европратениците Иво Вајгл и Едуард Кукан, како и амбасадорите Семуел Жбогар и Џес Бејли и министрите за надвроешни работи и правда , Никола Димитров и Билен Саљији.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година