Заев: Евентуалната реконструкција заради зголемување на парламентарното мнозинство

Од:

Евентуалната реконструкција и промени ќе се случат заради зголемување на парламентарното мнозинство, изјави денеска премиерот Зоран Заев по посетата на Аквадуктот во Скопје.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавените кадровски промени напролет, Заев појасни дека најавените кадровски промени нема да се прават заради какви било незаконски работи на функционерите, бидејќи во тој случај не е потребна реконструкција, туку кривични пријави и истраги пред обвинителството.

– Во оваа реконструкција немојте да очекувате дека се работи за некој неуспех, нешто што сме го проектирале, а не сме го реализирале. Реконструкцијата би се случила заради природната потреба од распределба на одговорност согласно зголемениот број на пратеници во новото парламентарно мнозинство, ако претходно успееме да се договориме, истакна Заев.

Додаде дека се разговара со опозиционите партии за да се прошири мнозинството.

– Ќе разговараме со сите политички партии кои би сакале да ги поддржат процесите кои се започнати во државата со една засилена тенденција затоа што доаѓа пролет, а таа е важна за оперативните теренски активности и реализацијата на крупните капитални проекти но и политичките аспекти како што е интеграцијата на Македонија во Македонија и НАТО. Сериозни прашања се исправени пред Македонија и нема да биде на одмет тоа парламентарно мнозинство биде постабилно и посериозно, а секако и сите одлуки да се носат со присуство на опозицијата во законодавниот дом, нагласи премиерот Заев.

Во врска со работните групи формирани од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за законите кои се носат со двотретинско мнозинство и дали очекува амнестијата да е услов од ВМРО-ДПМНЕ за да се гласаат овие закони, премиерот Заев рече дека целта е работните групи да помогнат во реформите преку критичен осврт на опозицијата и негираше дека амнестијата е точка на разговори во работните групи.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски