Биљал Касами реизбран на конгресот на БЕСА во Скопје

Од:

Биљал Касами со поддршка од 455 делегати е реизбран за претседател на Движењето Беса, на конгресот на партијата во Скопје.

Конгресот го организираше едното крило на „БЕСА“, додека минатата недела на конгресот во Тетово на другото крило во партијата за лидер беше избран Африм Гаши.

По изборот, Касами ги нарече последните превирања во Беса, игри и тенденции за раскол во партијата и оцени дека крилото кое веќе јавно е против него, има цел да ја разори БЕСА, а не да ги победи политичките противници.

– Тука сме за да го артикулираме политичкиот глас. За правни прашања се занимаваат надлежните органи. И за ова прашање ќе се занимаваат правните институции. Не сакаме правните прашања да ги користиме за политички цели. Движењето Беса е едно. Има еден конгрес и денеска го избра првиот човек и партиските органи. Другиот дел е прашање на органите на редот, изјави Касами.

Прашан дали е подготвен да му се приклучи на парламентарното мнозинство, Касами рече дека моментално се дел од опозицијата и ако имаат понуда да бидат дел од Владата, секако дека ќе дискутираат.

Касами има поддршка од двајца пратеници во Парламентот, Фадил Зендели и Теута Биљали, додека другото крило ја има поддршката на Неџбедин Кахремани, Реџеп Мемеди и Африм Гаши.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски