(ВИДЕО) Макрадули: Отпорот е против режим кој секојдневно ја инсталира својата диктатура и ја укинува слободата на граѓаните

Од:

До петок граѓанскиот отпор против режимот, најави опозицијата, продолжува со блокада на по една раскрсница на пладне во Скопје. Но, велат, додека продолжува игнорантскиот однос од власта, отпорот секојдневно ќе се зголемува и засилува.

„Свесни сме дека граѓанскиот отпор и блокадите предизвикуваат непријатности и можеби нервоза кај некои скопјани, но сакаме да повикаме и на трпение, имајќи предвид дека отпорот е против режим кој секојдневно ја инсталира својата диктатура и ја укинува слободата на граѓаните.

– Оваа форма на блокада на само една раскрсница по половина час е само предупредување кое завршува во петок.

– Доколку власта не покаже добра волја за дијалог и излез од политичката криза, од понеделник овие блокади ќе се зголемуваат и по бројност и по времетрањете“, изјави Јани Макрадули.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите