Ангелов: Споменик на Ќосето – да, но не пред судот

Од:

Стојанче Ангелов на неговиот Фејсбук профил објави дека е за поставување на споменик на Андон Ќосето, но не пред судот.

„Херој на македонската борба за слобода. Лојален припадник, бескомпромисен борец и суров извршител на Организацијата.

За жал, поради масовната (зло)употреба на неговото име во дневно-политички и други цели, неговиот лик денес е извалкан и буди негативни емоции кај дел од македонскиот народ.

Но, без разлика на неговата патриотска величина, сепак, на споменикот на Ќосето местото не му е пред Судот. Ќосето не бил судија, ниту пак судел. Ќосето пресудувал. Им пресудувал на лицата на кои им судела Организацијата.

Затоа, споменик на Андон Ќосето треба да има но на некоја друга репрезентативна локација од која нема да буди негативни емоции и асоцијации“ напиша Ангелов.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Имаме шест исклучително тешки за гаснење пожари, а најтежок е пожарот на планината Готен

Горан Наумовски

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот над селото Николич близу Дојран се шири кон Општина Валандово

Горан Наумовски

12 пожари низ Македонија, четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати

Горан Наумовски

Ангелов: Денеска 12 пожари на отворено од кои четири се целосно изгаснати

(ВИДЕО) Голем пожар помеѓу Свети Николе и Пробиштип

Горан Наумовски