(ВИДЕО) Мицкоски: За девет месеци владата нема преземено ниту еден чекор за сузбивање на корупцијата

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео-обраќање изјави дека владата ветуваше „општество во кое нема место за корупција“, но сега и официјално Македонија е означена како најкорумпирана држава во Европа.

– За 9 месеци оваа влада нема превземено ниту еден единствен чекор за сузбивање на корупцијата која го разјадува општественото ткиво. Неефикасното и зависно судството останува рак рана, неефикасни институции, отсуство на професионалност во раководниот кадар на полицијата, исклучително корумпиран менаџмент во здравство, како и широко распротранета корупција на институциите кои се во непосреден допир со граѓаните се само мал дел од големата слика за тоа каква држава сме денес, рече Мицкоски.

Тој додаде дека јавноста чека одговори од премиерот за тоа до каде е истрагата за корупција за двајца членови на владата, која беше најавена.

– Македонија не смее да се претвори во место каде граѓаните за да стигнат до една обична услуга која природно им припаѓа, мора да потплатат. Потребна е решителност, независност, и волја да се сузбие оваа појава. За ВМРО-ДПМНЕ, Македонија која има брз и ефикасен правосуден и полициски систем е цел која нема алтернатива. Граѓаните мора да се чувствуваат безбедно и правично, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива. најави Мицкоски