На 24 и 25 февруари 2018 во Порторож, Словенија ќе се одржи конгрес на Европската традиционална карате федерација (ЕТКФ) со кој ќе претседава, Проф. д-р. Владимир Јорга, претседател на ЕТКФ.
На конгресот ќе се донесат многу важни одлуки за понатамошниот развој на традиционалното карате во Европа, следни активности организација на натпревари, семинари и купови во тековната 2018/2019 година.
Исто така на ЕТКФ конгресот ќе се избира и нов генерален секретар како и нови членови на бордот на директори на ЕТКФ и останатите комитети. На конгресот во Порторож од Македонија ќе присуствуваат Проф. Венцислав Недев и м-р. Дејан Недев.