Ученици од основните училишта од Скопје, Куманово, Виница и Тетово учествуваат на традиционалната детска манифестација „Снежен град 2018“ на Попова Шапка, која ќе се одржува до 27 февруари.
Децата денеска со директорката на Детскиот културен центар „Карпош“ Ружа Ѓорѓеска ќе го претстават „Снежниот град“, кој ќе биде отворен за посетителите. Ќе биде организирана и еднодневна посета на Снежниот град.
Манифестацијата „Снежниот град“ почна вчера, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ – Скопје. Учесниците кои се градители на „Снежниот град“ се сместени во хотел „Славија“- ЕЛЕМ.