Запален хеликоптер се урна на улица во јужниот дел на Лондон, откако претходно удри во кран. Загинати се најмалку две лица, а две други се повредени, потврди полицијата.
Итните служби се веќе излезени на терен, сообраќајот е во потполност блокиран, а затворена е и железничката станица. Густ чад се шири над реката Темза.
Како што јавуваат британските медиуми, во хеликоптерот бил само пилотот, а според непотврдени информации при уривањето оштетени се два автомобили. Се уште не е познато дали во нив имало луѓе.
Се појавија и тврдења дека хеликоптерот удрил во зграда, по ударот во кранот, но полицијата не ја потврди таа информација.
„Иако е рано да се говори за деталите на несреќата, нема знаци дека станува збор за терористички чин“, велат од полицијата.