Заев не знаел дека Есма нема надгробен споменик

Од:

Пратеникот Амди Бајрам на денашната седница за пратенички прашања побара да се изгради споменик на гробот на Есма Реџепова – Теодосиевска.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, рече дека целата процедура за подигање споменик треба да оди преку Собранието бидејќи Есма е национален уметник.

Премиерорт Заев додаде дека првпат слуша за вакво барање и дека е недозволиво гробот на Есма да нема споменик.

„Есма заслужува достоинствено да се одбележи нејзиното дело“, рече тој.

Според него, Владата има средства за тоа, а тој лично ќе се заложи кај пратениците и кај фондацијата „Есма и Стево Теодосиевски“ да се зачуваат името и делото на Есма Реџепова.

Би можело да ве интересира

Пешевска: Според укажувањата на стоматолози актуелниот претседател на стоматолошка комора Маријан Денковски ја има узурпирано комората

Ана Ололовска

Спасовски: Од 2017 до денес сите бонус плати се исплатени, следната е во јуни

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачки до Ковачевски: Дали ќе го разрешите Милошевски како еден од одговорните за случајот со Онишченко

Ана Ололовска

Ковачевски: Екстра профитот направен од компаниите во време на криза е предмет на иницијатива за праведно даночење

Ана Ололовска

Ковачевски: Историското покачување на платите во образованието мора да значи и подобри резултати во работата

Ана Ололовска