КАС ги дисквалификува Крушелницки и Бризгалова, бронзата во карлинг оди во Норвешка

Од:

Спортскиот арбитражен суд (КАС) го дисквалификуваше рускиот карлинг тим (мешани двојки) за позитивниот допинг тест на Александар Крушелницки.

Натпреварувачот од Русија, наводно, бил фатен во употреба на забранетата супстанца мелдониум, откако тој и неговата сопруга Анастасија Бризгалова освоија бронза на турнирот во мешани тимови.

Одлуката на КАС значи дека бронзените медали на Крушелницки и Бризгалова ќе бидат одземени и дадени на четвртиот тим на турнирот – Норвешка.

Меѓународната карлинг федерација се очекува да ги суспендира натпреварувачките права на Крушелницки за две години.

Би можело да ве интересира

КАС: Лацио да плати еден милион евра на Феенорд за Де Вриј

Наум Локоски

Димитров се сретна со претставници од Фондацијата Конрад Аденауер

Наум Локоски

Скендербег се жали до КАС и Врховен суд за казната на УЕФА

Ана Ололовска

Османи: Фондациите Конрад Аденауер и Фридрих Еберт може да помогнат во изградба на консензус за прашањата за евроинтеграциите

Наум Локоски