Традиционалната детска манифестација „Снежен град“ почнува денеска на Попова Шапка во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ – Скопје.
Учесниците – градители на Снежниот град се ученици од основни училишта од Скопје, Куманово, Виница и Тетово, кои ќе бидат сместени во хотел „Славија“- ЕЛЕМ.
На 27 февруари во 11 часот градителите заедно со директорката на Детскиот културен центар „Карпош“, Ружа Ѓорѓеска ќе го претстават Снежниот град, кој ќе биде отворен за посетителите. Ќе биде организирана и еднодневна посета на Снежниот град.