Русија времено го затвори генералниот конзулат во Алепо во Сирија, град кој веќе со месеци е сцена на жестоки борби меѓу силите на режимот на претседателот Башар ал Асад и бунтовниците.
– Генералниот конзулат на Русија во Алепо ја запре работата, изјави портпаролот на руската амбасада во Сирија, напоменувајќи дека граѓаните по повод конзуларните прашања сега треба да се обратат на конзуларното одделение на амбасадата во Дамаск.
Поголем дел од Алепо во овој момент го контролира опозициската Слободна сириска армија а во градот владее недостиг на храна и струја.