ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го деградира македонскиот јазик

Од:

„Денес е меѓународен ден на мајчиниот јазик. Додека секаде низ светот се негува мајчиниот јазик, во Република Македонија, владата за 9 месеци нанесе непроценлива штета врз македонскиот јазик.

СДСМ го деградираше македонскиот јазик со годишниот Буџет за култура за 2018. Нула денари предвидени за унапредување на македонскиот јазик се доволен показател за односот на СДСМ кон јазикот.

Заев го излажа Институтот за македонски јазик. Македонистите не добија ниту денар од Буџетот за заштита на нашиот јазик. Во време кога се трошат милиони за дислокации на галии, ниту денар не се одвои за македонскиот јазик. Ова е најголемата трагедија за нашиот јазик во 28 години независност на државата.

Додека остатокот од светот го чува својот јазик, го негува и унапредува. Ние во Република Македонија гледаме како власта го деградира.

СДСМ го погази јазикот и со неуставниот закон за двојазичност со кој се обиде да го сведе од официјален јазик во Република Македонија на еден од двата службени јазици во рамки на државата.

Негрижата на СДСМ кон македонскиот јазик е и негрижа кон државата и граѓаните. Негрижата кон јазикот е и негрижа кон традицијата и идентитетот на нацијата. Негрижата кон јазикот е поткопување на темелот на државноста.

СДСМ покажа дека ниту се грижеле за македонскиот јазик, ниту во идина планираат да се грижат“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ