Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од населбата Маџир Маало.
Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот со водоснабдување е поради санирање на дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од 200 мм. на ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“ бр. 77 во истата населба, а ќе трае се до завршување на интервенцијата.