Фазлиу: Владата ќе ги надминува разликите меѓу албанските и македонските општини

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска најави дека Владата ќе преземе чекори со цел да се надминат разликите меѓу албанските и македонските општини.

Запрашан, дали тој оценува дека треба да се преземат повеќе чекори за да се надминат овие разлики, бидејќи, како што се забележува, постои недоволна развиеност во албанските општини, како и големи разлики во однос на македонските, Фазлиу одговори дека и во минатото постоеле политички разлики, кои директно влијаеле на економските разлики во општините, но, како што нагласи, сметам дека новата владина гарнитура ќе преземе чекори со цел да се надминат различностите во однос на сите прашања што не засегаат нас и сите граѓани на Македонија.

– Јас мислам дека во текот на оваа година ќе биде покрената иницијатива за да се направи нова анализа за нова стратегија за рамномерен регионален развој за периодот 2020-2022 година. Исто така, сметам дека ние имаме потреба од помош од експерти, од невладините организации, како и од сите заинтересирани страна кои мислат дека ќе ни помогнат за подобрувањето на оваа состојба, потенцираше министерот за локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски