Четири сообраќајки во текот на вчерашниот ден во Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле четири сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и една со материјална штета.

При сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 15 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Исто така, 18 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи: 12 од нив управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца возeле под дејство на алкохол и четворица биле возачи – почетници.

Покрај ова од сообраќај исклучени се 13 возила – 11, бидејќи биле нерегистрирани, додека две возила биле технички неисправни. Шест возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца неправилно се престроиле, еден возач не дал првенство на минување на пешаци и двајца возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата.

Во текот на изминатиот ден издадени се 113 мандатни платни налози, додека 91 возило е подигнато со специјално возило „Пајак”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски