Соработката меѓу странските компании и локалните добавувачи ќе се подобрува преку проект што ќе го спроведат Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија, со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
За можностите за зголемување на соработката денеска Советот на странски инвеститори организира тркалезна маса во Стопанската комора на Македонија.
Со двегодишниот проект ќе се подобрува работењето на одредени локални компании за да се зголемат конкурентноста и капацитетите за подобра соработка со странските инвеститори во државава, за тие да можат да бидат вклучени во системот на добавување.