Нова инвестиција до крајот на овој месец најави Мицкоски

Од:

Нова инвестиција во земјава до крајот на овој месец најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот кажа дека во завршна фаза се преговори со петнаесетина потенцијални инвеститори, со што очекува да биде надмината бројката која ја соопшти во ноември од една милијарда односно 1,040 милијарда евра.

-Во завршна фаза сме на околу 15-тина инвестиции, дел од нив се веќе завршени, со дел од нив преговараме. Со дел од нив сме во потесна конкуренција со некои други земји, односно во најтесна конкуренција се одлучува помеѓу нас и уште некоја земја. Јас очекувам дека со огромен процент на реализација овие инвестиции ќе бидат успешни. Очекувам овој месец една таква инвестиција со нови 200 работни места и вредност од околу 25 милиони евра да се стави камен темелник. Друга да се пушти во април месец и потоа некаде помеѓу март и јуни барем нови пет инвестиции – или да се фрли камен темелник или да се донесе одлука за инвестиција во земјава, рече Мицкоски кој беше на настан во општината Аеродром.

Неговите очекувања, како што кажа, се дека овој тренд кој што заклучно со ноември беше околу милијарда и 40 милиони евра да биде поголем на крајот на годината.

– Народната банка кон крајот на овој месец ќе ги објави тие податоци со што со засилувањето од мај месец наваму и интензивирањето на инвестирањето ќе бидеме држава со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот, што е добро бидејќи сето она кое тие го произведуваат ќе влезе во пресметката за БДП, рече премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник